Нејмар три недели надвор од теренот поради повреда

Бразилскиот фудбалер на Барселона Нејмар, поради повреда на скочниот зглоб три седмици ќе отсуствува од фудбалските терени.

Нејмар синоќа на натпреварот од Шпанскиот куп со Хетафе се повреди во 22-та минута и излезе од игра. Првиот впечаток беше дека повредата е многу посериозна.

Во клубот очекуваат Бразилецот да биде подготвен за дуелот од Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед на 18 февруари.

17.01.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега