ВНИМАВАЈТЕ: Грипот ќе земе најголем замав во февруари

Грипот кој се повеќе и повеќе зема замав како и во Македонија, така и во другите земји во регионот, ќе биде најсилен во текот на наредниот месец. Епидемиолозите во Србија предупредуваат дека врвот на епидемијата на грип може да се очекува во февруари.

- Симптомите на вирусите од типот А и Б се: температура која не мора да е висока, болки во мускулите и зглобовите и кашлица - вели д-р Драгана Димитријевиќ од Инстутот за јавно здравје во Белград. Докторката додава и дека и со двата вируса може да се дојде до компликации и до смрт.

Инаку, вирусот синоќа ја зема и првата жртва во Македонија. За жал, се работи за 67-годишна жена од Велес која имала хронична опструктивна белодробна болест, срцева слабост, дијабетес и бубрежна болест, па грипот само ја влошил состојбата.

Инаку, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 90 до 100 пациенти од кои половината се со грип, а во Македонија до сега се регистрирани 1.941 случаи со грип кој зема се поголем замав.

17.01.2014 - 11:26
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега