Гостиварци „уживаат“ со марихуана и херион

Во Гостивар и Гостиварско, минатата година, вкупно регистрирани се 340 уживатели на наркотички средства, покажува анализата на податоците. Споредено со лани, бројката е зголемена за 23 нови корисници, информираат од СВР Тетово.

Според полот, најбројни се мажите (317), а во групата на уживатели има и 23 женски лица. Најголемиот број се на возраст помеѓу 20 и 25 години, а регистрирани се и извесен број малолетници, меѓу кои еден на возраст од 16 години.

Од анализите на службите во  СВР Тетово се констатира дека најмногу од регистрираните уживатели се корисници на марихуана (167) и хероин (166), а  седум консумирале други наркотички средстства.

- Според некои проценки базирани на досегашни професионални сознанија и искуства на СВР Тетово, се претпоставува дека вкупниот број уживатели на подрачјето е поголем, пред се на оние кои повремено или редовно земаат марихуана, оносно на таканаречените „пробатори“, појаснува Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово.

Јосифоски подвлекува дека во гостиварскиот регион, во поново време присутен е и кокаинот, но него најчесто го купуваат и користат поединци со „подлабок џеб“.

Минатата година во Гостивар и Гостиварско регистрирани се 16 кривични дела поврзани со „неовластено производство и пуштање во промет наркотички средства"

17.01.2014 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега