И денеска пролет: Сонце и 14 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од три до 14 степени.

Во Скопје слично време, со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до шест степени.

За време на викендот наместа ќе дува умерен јужен ветер што ќе услови по одделни котлини во текот на денот да се намали интензитетот на маглата. Од недела кон крајот на денот и во почетокот на наредната недела се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. 

17.01.2014 - 08:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа