Голема заплена на марихуана во Валона - 1,2 тони дрога падна во рацете на албанската полиција

Полицијата од албанскиот приморски град Валона, во акција реализирана во текот на ноќта запленила 1,2 тони марихуaна, јави дописникот на МИА од Тирана.

Дрогата била открина во селото Радим, а крајната дестинација бил италијанскиот нарко пазар.

Истата била натоварена во комби возило марка „Фолсфаген“, а требало да биде претоварена во моторен чамец. Кога ја забележале полицијата транспортерите го напуштиле возилото и успеале да побегнат. Во правец на Грција побегнале и нарко шврецерите со моторниот чамец.

Од почетокот на годинава албанската, италијанската и грчката полиција имаат запленети околу шест тони марихуана. 

16.01.2014 - 17:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа