ФОТО: Кој е новиот тренер на Милан?

Некогашниот фудбалер на Милан Руд Гулит бил изненаден од одлуката на раководството на Милан за поставувањето на поранешниот фудбалер Сидроф за нов тренер на „росоњерите“.

И самиот Сeдорф, кој играше десет години во Милан, ја потврди ваквата информација.

Гулит истакна дека ова е интересно, затоа што искусниот холандски фудбалски интернационалец не бил тренер на тим досега.

„Многу интересно. Кларенс е нов тренер, меѓутоа верувам дека неговото именување ќе му донесе многу убави нешта на нашиот клуб во иднина“, вели Гулит.

Сидорф доби поддршка и од Кристијан Панучи велејќи дека Сeдорф ќе го предводи составот до нови големи успеси.

„Сeдорф ми е добар пријател, умно момче и професионалец. Мислам дека има многу искуство, како и личност за да постигне значајни работи. Тој може да го води Милан, навистина добро е што се одлучија за некој кого го знаат“, нагласи Панучи.

16.01.2014 - 16:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега