Груевски редовно се вози на жичарницата - не бара ВИП третман

 

Премиерот Никола Груевски е еден од редовните кои се возат со жичарницата на Водно. Според Вест, премиерот доаѓа редовно сосопругата и со своите ќеркички и при тоа не бара да биде третиран поинаку од останатите кои се возат со жичарницата.

-Пре­ми­е­рот нај­чес­то до­а­ѓа при­ват­но, со се­мејс­тво­то. И тој се во­зи со жич­ни­ца­та ка­ко си­те дру­ги по­се­ти­те­ли, без да ба­ра ВИП-гон­до­ли и спе­ци­ја­лен трет­ман, ка­ко ви­но и му­зи­ка, от­кри­ва­ат за Вест вработените во жичницата на ЈСП.

Исто така, викендов за прв пат со жичарницата се возел и претседателот Иванов кој исто така не барал ВИП-кабина или третман. 

-Ви­кен­дов прв­пат ни дој­де прет­се­да­те­лот Ива­нов, оти ре­шил да из­бе­га од маг­ла­та и да по­ди­ши чист воз­дух. Дој­де сам, но тоа воопшто не му бе­ше проб­лем да се во­зи опуш­те­но. Ду­ри не по­ба­ра ни­ту ВИП-ка­би­на, ка­ко што нап­ра­ви бри­тан­ски­от принц Мајкл. Уба­во се про­ше­та и ре­че де­ка до­кол­ку има мож­ност, ќе по­мог­не да се сре­ди прос­то­рот око­лу Крс­тот за да мо­же по­се­ти­те­ли­те да ужи­ва­ат во при­ро­да­та, ве­лат за Вест вра­бо­те­ни­те во жич­ни­ца­та.

16.01.2014 - 16:13
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега