На кое место е Македонија на ФИФА листата?

На најновата ранг листа со која што ФИФА излегува секој месец, нашиот најдобар фудбалски состав забележа пад за една позиција, по што сега се најде на 84 место, со освоени 425 бодови. 

Врвот на листата засега останува непроменет. Шпанија е предводник пред Германија и Аргентина, додека во ТОП 10 веднаш зад нив се наоѓаат Колумбија, Португалија, Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија и Бразил. 

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 13 февруари.

16.01.2014 - 15:14
Фото: 
Хитпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега