Завршил во затвор бидејќи не му ја дал шифрата од УСБ-то на полицаец

Британската полиција никако не можела да дојде до податоците кои се наоѓаат на USB-то на 22 годишниот Суед Хусеин бидејќи неговото стикче било шифрирано, а тој не им ја давал шифрата зошто наводно ја заборавил.

Полицијата и судот не му поверувале на Хусеин дека тој ја заборавил лозинката на стикчето и му  одредиле нова казна затвор од 4 месеци. Тој заедно со уште тројца други пријатели беше приведен  во 2012 година откако самиот призна дека планирал да изврши терористички бомбашки напад.

Со оглед на тоа дека Хусеин претходно беше уапсен и ставен во затвор за планирање терористички напади, јасно е зошто на полицијата и беа важни податоците од USB-то кое беше запленето.

 

 

16.01.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега