Учениците нема да добијат прашања кои не биле објавени - МОН прифати 151 коментар за екстерното

 

Министерството за образование и наука денеска прифати 151 од вкупно поднесените 720 коментари за 60. илјади прашања за екстерното тестирање. За ова денеска информираше министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

- Прифатените 151 коментар од страна на Работната група главно се однесуваат на појаснување на определено прашање или поквалитетен превод. Во текот на денешниот ден ќе биде објавен вкупниот број на прашања заедно со прифатените коментари. Најверојатно ќе има посебна листа на прашањата со прифатени коментари за да обезбедиме комплетна  транспарентност, изјави Ристовски по изборот на најдобрите каратисти за 2013 година во организација на Традиционалната карате федерација.

Во недела на 19 јануари ќе бидат објавени финалните списоци на влезните врати на училиштата и распоредите кој ученик кои два предмета ќе ги полага во среда и во петок следната недела, а вкупно 20.000 матуранти и 2.900 наставници ќе бидат предмет на екстерното оценување.

- Екстерното полагање не треба да биде затворен процес, напротив во него треба сите да бидат вклучени. Ни еден ученик нема да добие прашања кои воопшто не биле објавени. Единствено треба да ги научат веќе објавенит епрашања, потенцира Ристовски.

16.01.2014 - 13:39
Фото: 
бркајработа

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа