"Еве ви 50 евра не ми пишувајте казна" - пијан струмичанец се обидел да поткупи полицајци

38-годишниот струмичанец Б.Г. пред неколку денови околу 22 часот и 35 минити бил забележан од полициски службеник како вози во алкохолизирана состојба.

Полицијата информира дека при вршење контрола на патниот сообраќај, полициски службеници се обиделе да запрат возило кое го управувал пријавениот при што истиот не сопрел, а потоа откако конечно полицајците го стасале, е откриено дека имал 1,82 промили алкохол во крвта.

Пријавениот на двајцата полициски службеници им понудил 50 евра за неизвршување на службените дејствија.

16.01.2014 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа