Се отвараат нови 150 работни места - нова инвестиција во ТИРЗ-Тетово

Италијанската компанија Итек која произведува композитни материјали, наскоро ќе започне да го гради новиот објект во индустриската зона во Тетово. 

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Висар Фида по потпишување изјави дека се работи за прва инвестиција која ќе се реализира во ТИРЗ-Тетово.

 - „Ова е прва инвестиција која ќе се реализира во ТИРЗ-Тетово. Оваа компанија ќе реализира инвестиција во зоната во Тетово преку локалната компанија „PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES“. Инвестиција е од областа на композитните материјали и ќе чини 5 милиони евра, а со тоа и во првите две години ќе донесе 150 нови вработувања. Самиот објект, кој се надевам ќе започне многу брзо да се гради, ќе биде на површина од 6000м2“, изјави Фида.

Роберто Оскири директор на компанијата Итек изрази задоволство што се наоѓа во Македонија и најави дека  првата фаза на оваа инвестиција се очекува да заврши набрзо.

Инаку, се работи за инвестиција вредна 5 милиони евра со која ќе се овозможат нови 150 вработувања.

16.01.2014 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега