Ердоган му објави војна на Фетулах Гулен

Реџеп Таип Ердоган или актуелниот турскиот премиер денеска објави отворена војна со „империјата на стравот“, како што го нарече својот исламистички ривал Фетулах Гулен.

Приврзаници на Гулен,кој е  исламистички проповедник кој живее во САД, беа обвинети од Ердоган, кој ги нарече предавници, кои под обидите за истрага за корупција се обидуваат да извршат државен удар.

Тој апелираше до турските амбасадори ширум светот на своите странски колеги да им објаснат какво е „вистинското лице“ на организацијата на Гулен, какви се нивните желби и амбиции и како се „димензиите на опасноста“ од неа.

15.01.2014 - 19:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега