Томе Аџиев останува на чело на Комисијата за верификација на факти
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја почнаа постапката за избор на нов состав на членовите на Комисијата за верифакција на факти.
На чело на Комисијата за верификација на фактите останува Томе Аџиев, кој веќе три години е на оваа позиција. Од друга страна, Цветанка Младеновска, Предраг Димитриевски, Асим Лума, Ристанка Валчевска доаѓаат на местото на Јанаке Витановски, Благоја Гешовски, Агим мехмети и Чедо Дамјановски.
Претставниците на СДСМ на денешната седница на Комисијата оценија дека новиот состав на лустрациска е доказ дека продолжува битката со неистомислениците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа