Еве кои се предложените членови за лустратори

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја почнаа постапката за избор на нов состав на членовите на Комисијата за верифакција на факти.

За член и претседател на Комисијата  е предложен Томе Аџиев кој и во изминатите три години беше на оваа позиција. За негов заменик се предлага Асан Лума и за членови Новица Велјановски, Предраг Димитровски, Ѓорѓи Малковски, Вецко Здравевски, Ристана Лалчевска, Шпенд Винца, Даут Даути, Цветанка Соколова Младеновска и Марија Зафировска. Доколку биде избран овој состав на Комисијата за лустрација четворица од нејзините членови ќе бидат нови.

Претставниците на СДСМ на денешната седница на Комисијата оценија дека новиот состав на лустрациска е доказ дека продолжува битката со неистомислениците.

Претседателот на Комисијата Илија Димовски инаку пратеник од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека би било добро и СДСМ да биде вклучен во процесот на лустрација. 

15.01.2014 - 14:56
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега