Статистика: Раст на цените на индустриските производи во странство на месечно ниво

Како што објави Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во ноември 2013 година забележале раст за 0,1 отсто на месечно, а се пониски за 4 отсто на годишно ниво.

Во споредба со Октомври, во ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија останаа на исто ниво.

15.01.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега