Груевски: Оваа Влада не дава ветувања кои не може да ги исполни

 

Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека оваа Влада не дава ветувања кои не може да ги исполни и дека прави максимални напори да ги надмине проблемите на граѓаните. Ова го изјави премиерот денеска по посетата на млекарницата Суташ.

Тој говореше за законски решенија што беа усвоени на вчерашната владина седница, а со кои се решава проблемот на професионалните војници и стечајците од државни фирми: - Од овие два закона бенефит ќе имаат околу 7.000 лица. Долг период работевме на тоа како да го решиме нивниот проблем и изнајдовме начин. Иако овие решенија ги немавме ветено, успеавме да и помогнеме на оваа категорија граѓани, истакна премиерот.

Повеќе за Законот за стечајците и професионалните војници прочитајте ТУКА.

15.01.2014 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега