Каква храна јадат Македонците? - еве на кое место е земјава според истражувањето за здрава исхрана

Истражувањето на Оксфам, меѓународна мрежа на хуманитарни организации, кои се борат против гладта во светот, покажува дека Холандија е земја со најхранлива и најздрава храна, додека Македонија во ова истражување се најде на 36. позиција.

Истражувањето се спровело во вкупно 125 земји, а тие се рангирани според квалитетот на храната и цената, а како важни фактори улога играат и  процентот на потхранети деца, разноликоста на храната и пристапот до чиста вода, како и негативните последици за здравјето како дебелината и дијабетисот.

Првите 20 места ги заземаат европските земји со исклучок на Австралија. Меѓу првите десет се и Франција, Швајцарија, Данска, Шведска, Австрија, Белгија, Ирска, Италија и Португалија, додека од земјите во регионот Хрватска е на 30 место, Словенија на 33., Македонија на 36., а Албанија на 42. место.

На самото дно на листата се најдоа африканските земји, заедно со Лаос, Бангладеш, Пакистан и Индија.

На последно 125. место се наоѓа Чад.

15.01.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа