Продолжува еуфоријата на ЕП во Данска- ден за одмор за нашата репрезентација

Денеска продолжуваат мечевите од Европското првенство во ракомет во Данска, а на програмата се дуелите од второто коло во групите Ц и Д. 

Во Архус во Ц групата играат: Србија - Русија (18 часот) и Франција - Полска (20:15 часот).

Во групата Д во Копенхаген ќе играат: Хрватска - Црна Гора (18 часот) и Шведска - Белорусија (20:15 часот).

За репрезентациите кои настапуваат во групите А и Б денеска е слободен ден.

На вчерашните дуели од 2.коло: Македонија - Чешка 24:24 и Данска - Австрија 33:29. На табелата води Данска со 4 бодови, пред Австрија 2, Македонија 1 и Чешка 1.

Во Б групата (се игра во Алборг): Исланд - Унгарија 27:27 и Шпанија - Норвешка 27:25. Шпанија е прва со 4 бодови, Исланд има 3, Унгарија 1, Норвешка 0.

15.01.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа