Сноуден помеѓу директорите на фондацијата „Слобода на печатот“

 

Едвард Сноуден кој објави голем број документи за програмите за електронско следење на НСА, влегува во советот на директорите на фондацијата „Слобода на печатот“.

Фондацијата е формирана во 2012 година со цел да обезбеди слобода на печатот во САД, а меѓу основачите е и поранешниот соработник на американското Министерство за одбрана Даниел Елсберг, кој во 1971 година им предаде на медиумите таен извештај на Пентагон за воените дејствија во Виетнам.

Меѓу основачите се и познатиот актер Џон Кјузак, како и новинарот Глен Гринволд, кој му помага на Сноуден да ги објави тајните документи. 

 - Ова е мошне важно за да се биде во служба на каузата на слободниот печат, нагласи Сноуден, кој во февруари ќе влезе во раководството на фондацијата.

 

15.01.2014 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега