Обновување на воената и финансиска помош на САД за Египет

Во новиот буџет на САД се предвидува обновување на воената и финансиска помош на САД за Египет, што изнесува над 1,5 милијарда долари годишно и која во поголем дел беше замрзната по соборувањето на претседателот исламист Мохамед Морси од страна на армијата, на 3 јули минатата година.

Во оваа вкупна сума воената помош е во износ од 1,3 милијарда долари годишно.

Обновувањето на помошта, меѓутоа, е поврзано со мерките кои ќе ги преземат новите власти на Египет за враќање на демократијата.

Каиро треба, исто така, да го потврди својот стратегиски ангажман на страната на САД и да продолжи да ги извршува своите обврски, што произлегуваат од мировниот договор со Израел од 1979 година. 

15.01.2014 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега