Прв бод за Македонија на ЕП 2014

 

Отакако одигра нерешено со Чешката репрезентација (24:24), Македонија дојде до првиот бод на европското првенство во Данска.

Во поголемиот дел од натпреварот имавме водство и шанса за победа, но сепак не ја искористивме за да стигнеме до победа.

На полувремето Чесите беа со гол предност, но Кире Лазаров имаше серија од шест гола па, успеа да го врати водството.

Најефикасен ракометар кај нас беше токму капитенот Лазаров, а додека во Чешката репрезентација се истакна Хорак. Ристовски забележа шест одбрани, додека пак чешкиот голман Штохл имаше 21 интервенција.

 

Играта во последните минути се одвиуваше гол за гол по што натпреварот заврши без победник.

14.01.2014 - 20:10
Фото: 
sportclub.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега