Европскиот парламент бара построга контрола на храната

По скандалот со коњското месо во Европа,европскиот парламент денес побара поинтелегентни контроли и построги казни за прехранбените измами.

Кога контролите станаа посериозни во Италија, организарните банди кои работата на измама со прехранбени производи се преселија во Словенија, вели Естер де Ланж, притоа оценувајќи дека прехранбените измами се се побројни во Европа.

 

Европратениците предвидуваат поинтелегненти контроли, односно тие да не бидат предвидливи и очекувани од измамниците. А тие кои ќе бидат фатени во измама да бидат построго казнети. Казните според европратениците треба да бидат најмалку двојно повисоки од профитот кој го носи измамата. Имено, ниските казни ги наведуваат операторите со храна да мамат и да ги повторуваат измамите кога еднаш ќе бидат откриени.

14.01.2014 - 19:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега