Во Стразбур се расправа околу начинот на кој Малта дава државјанство
Во Европскиот парламент во Стразбур започнува да расте полемиката околу начиниот на кој Малта издава државјанство.
Имено, Малта одлучи да им даде државјанство на лицата кои можат да уплатат 650.000 евра. Тие треба да почитуваат и уште неколку други критериуми. Продажбата на државјанствата е жестокот критикувана од Народните партии, уште повеќе бидејќи таа одлука е донесена од влада која и припаѓа на левицата.
Но полемиката која ја отвори Народната партија, предизвикува непријатна ситуација и кај социјалистите. Претседателот на групата на социјалистите во ЕП, Јоханес Свобода признава дека ситуацијата не е „ниту црна, ниту бела“, додавајќи дека пристапот до државјанството други земји го регулираат на друг начин. „Јас не сакам да излоирам една земја, но на планот на принципите треба да биде јасно дека не може да се купи државјанство“. Притоа Јоханес Свобода изрази жалење за начинот на кој тоа го направи Малта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа