Нобеловците му испратија писмо на Путин против законот кој санкционира хомосексуална „пропаганда“

 

Добитниците на Нобелова награда му пратија протестно писмо на Владимир Путин против рускиот закон, што санкционира хомосексуална „пропаганда“.

- Ова писмо има за цел да покаже солирадност на мнозина истакнати членови на светската научна заедница со политичарите, творците, спортистите и други луѓе, што веќе изразија незадоволство од активностите на руската Влада против хомосексуалните граѓани во земјата, се наведува во писмото.

Писмото е изработено од британецот Харолд Крото, нобелов лауреат по хемија од 1996 година и неговиот долгогодишен пријател британскиот актер Иан Маккелен, познат активист за геј правата.

Во јуни Путин донесе закон што предвидува парична казна и затвор за „промовирање“ на истополова љубов пред малолетници. Контроверзниот текст предизвика серија повици за бојкот на Зимските олимписки игри во Сочи од 7 до 23 февруари.

14.01.2014 - 18:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега