Децата чијшто права се нарушени ќе можат да се жалат во ОН

Меѓународната организација соопшти дека децата чијшто права биле нарушени, ќе можат отсега да се поднесат жалба пред специјален комитет на ОН.

Третиот незадолжителен протокол кон Конвенцијата на ОН за правата на детето, што стапува во сила во април, воведува процедура за известување и го заштитува правото на децата на средство за сигнализирање при нарушување на нивните права.

Протоколот, поздравен од УНИЦЕФ и заштитниците на правата на децата, треба да биде ратификуван најмалку од десет земји.

Според текстот децата, самостојно или групно, можат да поднесат жалба за конкретно нарушување на нивните права согласно Конвенцијата на ОН за човекови права, протоколот за децата во зони на вооружени конфликти и на протоколот поврзан со трговијата со деца, со детската проституција и порнографија.

Комитетот за правата на детето, составен од 18 експерти за човекови права, може да преземе дејствија за закрила на децата, кои поднесуваат жалба, против евентуална одмазда, барајќи од државата да преземе времени мерки за заштита на дете или група деца.

Во случај соодветната држава да биде прогласена за виновна за нарушување на Конвенцијата, таа ќе биде задолжена да ги исполни препораките на Комитетот. 

Земјите кои досега го ратификуваа третиот незадолжителен протокол се Албанија, Германија, Боливија, Шпанија, Габон, Црна Гора, Португалија, Словачка, Тајланд и Коста Рика.

14.01.2014 - 17:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега