Папата Франциско организира средба со сите верени двојки за Св.Валентин
Папата Франциско ги покани сите верени двојки, кои сакаат да се сретнат со него, да го посетат на 14 февруари, кога католичкиот свет го одбележува празникот Св. Валентин, познат и како Денот на вљубените.
Средбата ќе се одржи во салата „Павле Шести“ во Ватикан, се наведува во соопштението од Светата столица. Соопштението беше објавено денеска на неколку јазици.
Верените двојки треба да се регистрираат до 30 јануари во семејните оддели на соодветната епархија или да испратат електронска пошта на адресата events@family.va.
Целта на папата е да ја поттикне брачната институција, која е во криза меѓу католиците, каде разводите бележат се поголем замав.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа