Мишел Барние кандидат за претседател на Европската комисија

Мишел Барние европскиот комесар за внатрешен пазар и услуги во изјави дека е подготвен да ја преземе функцијата претседател на Европската комисија од Жозе Мануел Барозо.

Тој во интервјуто за весникот Фигаро вели:

“Секое големо политичко семејство ќе предложи свој кандидат на изборите на ЕК и во тој  контекст се спомнува моето име. Ако бидам избран од Европската народна партија (ЕПП), подготвен сум да се ангажирам”,.

Тој како приоритет наведе дека „во следните пет години треба да стане можно Европа повторно да ја преземе иницијативата - ’Индустриска стратегија, инфраструктурна политика, единствен пазар, безбедност, имиграција', и додава дека тоа се областите во кои ЕК треба да даде поттик за заедничкиот европски интерес, за да биде водечка сила. 

14.01.2014 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега