Најмалку 16 лица загинаа при пожар во фабрика за чевли во Кина
Силен пожар избил во една фабрика за чевли во Кина каде животот го загубиле најмалку 16 работници.
Причините за пожарот кој траел речиси три часа се уште не се познати.
Во извештаите на тамошните медиуми се истакнува дека во фабриката за чевли имало големи количини на лепак и други запалливи хемикалии кои го отежнале гасењето на пожарот.
Во Кина ваквите несреќи се многу чести, а во последната таква голема несреќа, во јуни минатата година, кога изгоре фабрика за пилешки производи настрадаа 121 лице.
14.01.2014 - 15:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа