Пијат урина од крава за да бидат здрави!
Во градот Агра во Индија десетици луѓе секојдневно стојат пред местата каде се одгледуваат крави за да се напијат од урината, бидејќи сметаат дека таа ќе ги направи силни и здрави.
Луѓето тврдат дека урината од крава ги лечи речиси сите болести, вклучувајќи го и ракот.
- Имав дијабетис, но штом почнав да пијат кравја урина нивото на шеќерот е под контрола. Некој ми кажа дека пиењето на урина е добро за здравјето. Имаме крави повеќе од 12 години. Првото нешто што го правите наутро е земање на урината и нејзино пиење, вели едно од овие лица.
Се поголем број луѓе биле заинтересирани за пиењето урина и верувале дека тоа ќе ги направи здрави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа