Скандал во Холандија: Повлечени 11.000 килограми коњско месо етикетирано како говедско
Пет месни компании во Холандија треба да повлечат 11.000 килограми неправилно етикетирано француско коњско месо по наредба од Холандската служба за безбедноста на храната.
Коњското месо етикетирано како говедско во Холандија пристигнало преку Белгија во периодот од јануари до октомври минатата година.
Холандија го повлекува спорното француско коњско месо откако минатиот месец 21 трговци на добиток, месари и ветеринари во Франција беа осомничени за незаконска продажба на 200 коњи.
Скандалот со коњското месо изби во јануари минатата година, кога коњска ДНК беше откриена во замрзнати бургери во ирски и британски супермаркети и беше утврдено дека се вмешани кланици од Романија и од Холандија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа