(ВИДЕО) Миркуловски: Живеам за вакви натпревари

 

Македонскиот ракометар Филип Миркуловски вели дека се уште не е 100%подготвен по операцијата, но вакви мечеви го мотивираат и живее за нив.

-Добро се чувствувам, иако можам да кажам дека не сум сеуште 100% подготвен по операцијата и долгото отсуство. Но вакви мечеви посебно ме мотивираат и со нетрпение ги чекам. Го гледавме мечот Австрија - Чешка и мој впечаток е чесите одиграа многу под своите можности. Верувам во нашата репрезентација и ако бидеме одговорни и обединети, вечерва ќе се радуваме, вели ракометарот за новинарите во „Скандик Реџина„ хотелот во Хернинг.

Извор: lazarovkiril7.com

14.01.2014 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега