ВРЕМЕ: Подгответе ги чадорите

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. По котлините ќе има појава на слаба магла, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од четири до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во наредните денови и до крајот на неделата во котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност. Нов влажен бран се очекува во недела кон крајот на денот.

14.01.2014 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега