Бергер: Шумахер е жртва на играта на судбината
Поранешниот возач на Формула 1, Герхард Бергер, за својот колега, седумкратниот шампион Михаил Шумахер кој веќе 16 дена е во кома, изјави дека е жртва на лошата и злобна судбина.
- Тоа е само лоша судбина и ништо друго. Кога возеше и се тркаше премногу ризикуваше. Ова што се случи е тотална глупост. Несреќата може секому да му се случи и го знам тоа од лично искуство.
Тој додава и дека кога доживеал несреќа и си ги скршил вратот случајно се појавиле лекари на патот и така му го спасиле животот. Тоа била чиста среќа.
14.01.2014 - 13:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа