Брачен пар од Македонија „падна“ со 14 кила марихуана во Прешево
На граничниот премин Прешево на влез во Република Србија вчера се запленети 13 килограми и 715 грама марихуана, пронајдена во возило со кое патувала брачна двојка, македонски државјани.
Како што соопшти српската царина, по прегледот на возилото е откриено дека во багажникот има направено специјално двојно дно исполнето со марихуана.
На прашањето од цариниците дали има нешто да пријави, возачот одговорил дека нема, а возилото дека го позајмил од неговиот кум. Брачниот пар изјавил дека патуваат во Инџија и незнаеле што се наоѓа во автомобилот
14.01.2014 - 14:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа