Јоноски: Со цврста одбрана против Чешка

Ацо Јоноски еден од столбовите на кој се темели одбраната на македонската репрезентација во пресрет на вечерашниот дуел со Чешка смета дека добрата играта во дефанзива ќе го трасира патот до победата.

- Се повторува ситуацијата како на Европското првенство во Србија. Натпреварот со Чешка е исто така важен како што беше важен дуелот во Ниш. Предуслов за да забележиме победа е добрата одбрана, а секако и голманите треба да понесат голема одговорност. Главна задача ќе ни биде да ги спречиме нивните бекови Јиха и Хорак кои се навистина опасни, изјави Јоноски.

За голманот Борко Ристовски натпреварите со Чешка и со Австрија ќе значат живот или смрт за македонската репрезентација во делот на обезбедувањето пласман во следната рунда. Според македонскиот голман најверојатно една победа ќе бида доволна за следната рунда, но како што вели, Македонија ќе атакува на двата триумфа.

Натпреварот Македонија - Чешка е од 2.коло во А групата на Европското првенство што се одржува во Данска

14.01.2014 - 14:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега