Му го изел срцето на својот пријател бидејќи загубил партија шах

 

Северио Беланте брутално го убил сопственикот на станот во кој живее откако изиграле една партија шах. 34-годишниот Беланте се разгневил кога загубил во играта од својот пријател Том Огорман, па го нападнал и му ги изел градите.

Полицијата која пристигнала на местото на настанот се соочила со ужас. Телото на Том било целосно искасапено, а во полициската станица, канибалистот се пофалил дека му го изел срцето на својот пријател.

- Изгледаше како да сме поминале низ портите на пеколот, велат од полицијата. Според нив ова е дефинитивно најужасниот злочил на невина личност во историјата на Ирска која до сега нема запаметено вакво злосторство.

 

14.01.2014 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега