Се укинува сервисот Радио Слободна Европа на македонски јазик
Конгресот на Соединетите Американски Држави го укинува сервисот на Радио Слобподна Европа на македонски јазик поради подобрената политичка состојба во државата.
Со предлог Буџетот за оваа година Конгресот на САД го укинува финансирањето на радио Слободна Европа за неколку јазици во услови на ограничени ресурси и голема потреба од ангажман во други делови на светот. Заради тоа е неопходно да се елиминира балканскиот сервис на Радио Слободна Европа, пишува во образложението на буџетот.
Според Конгресот на САД во Македонија политичката состојба е значително подобрена од минатото и тоа е причината поради која финансиските средства кои досега се трошеа за емитување на македонската програма, се пренаменуваат за други региони во светот кои се наоѓаат во период на транзиција или излегуваат од криза.
14.01.2014 - 12:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа