Лицата со џуџест раст во себе носат лек против сите болести
Двајца научници откриле дека во генетскиот код на кои лицата кои боледуваат одЛароновиот синдром се крие лекот против сите болести.
Научниците Арлан Розенблум од САД и Хаиме Гевара-Агире од Еквадор ги проучувале луѓето со џуџестиот раст и дошле до заклучок дека од 99-те такви пациенти, ниту еден не умрел од рак или од дијабетес.
Лароновиот синдром го открил израелскиот ендокринолог Зви Ларон, по кој заболувањето и го добило името. Тој, со болеста се сретнал во 50-тите години од минатиот век, кај деца од едно еврејско семејство во Јемен.
Со анализи установил дека за разлика од останатите луѓе со џуџест раст, тие не боледуваат од недостиг на хормоните за рат, туку имаат зголемено лачење на истиот хормон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа