Околу 1,25 милиони луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи

 

Според резултатите од истражувањето на меѓународната организација „Глобално време на болестите“ низ светот годишно во сообраќајни несреќи гинат околу 1,25 милиони луѓе и ако продолжи сегашниот тренд  до 2030 година, бројот на жртвите ќе се зголеми на 3,6 милиони жртви.

Истражувањето е спроведено од неколку меѓународни организации, меѓу кои и Светската здраствена организација и Светската банка.

Резултатите покажуваат дека сообраќајните несреќи се петта причина за смртноста, дури и пред СИДА-та, маларијата и туберколозата. Најчести жртви на сообраќајните несреќи се сиромашните, младите лица и мажите.

14.01.2014 - 12:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега