„Чао, дечки“ се последните зборови на убиените кај Смилковци - продолжи судењето за "Монструм"

 

Продолжи судскиот процес а масакрот кај Смилковското езеро. Рибарите кои биле последните кои ги виделе младите момчиња пред да бидат убиени си ја отворија душата во судницата и раскажаа што се случило. Како што јавува Нова Македонија, рибарите велат дека „Чао, дечки“ биле последните зборови на момчињата кои тие ги слушнале.

- „Чао, дечки“ беа последните зборови на момчињата што ги слушнавме ние. Потоа со бел автомобил заминаа. Беа на два метри од нас, ловеа риби и дојдоа да поразговараме за да им дадеме црви. Потоа повеќе не ги видовме, велат рибарите, и додаваат дека кога се разделиле со момчињата било пред зајдисонце, а потоа тие не се сретнале со никого. 

Сведочењето на рибарите го слушаа роднините на убиените. Причина за повторното сослушување на сведоците беше повторување на судската постапка поради новообвинетиот Сами Љута, кој, според обвинението, заедно со уште неколку лица чиј идентитет не е познат, шетал кај Смиљковско Езеро и собирал податоци колку лица и од која националност се движат во тој реон, пренесува Нова Македонија.

- Не се точни наводите во обвинителниот акт и немаат врска со мене. Јас не знам зошто сум овде. На денот на убиството се сеќавам оти вечерта играв „кантер страјк“, а сабајлето работев на фасада , изјави Љута. 

За потсетување, петте момчиња беа убиени на 12 април во Смилковци. На првообвинетите за случајот Монструм, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ им се суди во отсуство оти се на издржување затворска казна во Косово и се уште се чека нивна екстрадиција.

14.01.2014 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега