Утврден идентитетот на 23 годишното момче кое загина во сообраќајка пред Скопје

 

Реџеп Ш (23) од селото Елово е лицето кое вчера загина во сообраќајната несреќа која се случи кај местото Варвара, потврдува полицијта. Тој со својот Голф удрил во камионот марка ТАМ на И.М. (47) од скопското село Патишка река. Реџеп веднаш бил префрлен во скопската болница Св. Наум Охридски, но им подлегнал на повредите. 
Во сообраќајката потешко е повреден и 52 годишниот С.М од Елово кој се превезувал во Голфот и задржан е на леквање во скопскит Ургентен центар. 
Со повреди се здобил и возачот на камионот и неговиот 10 годишен сопатник, а повреди имале уште 3 лица кои се превезувале во Голфот, но по лекарската помош, сите се пуштени на домашно лекување.

14.01.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега