Го пронашла киднапираниот син а тој не сакал да и се врати бидејќи е сиромашна

 

На мајка на која и бил киднапиран синот конечно и се насмеала среќата откако го пронашла, но тогаш добила уште поголем удар од животот бидејќи тој ја одбил.

59-годишната Кинескиња која инаку им помага на други семејства кои се во ваква тешка ситуација да си ги пронајдат децата, го загубила детето во 1993 година, а го барала низ 10 кинески провинции. Всушност, нејзиниот син бил продаден на богато семејство, па затоа и откако бил пронајден одбил да и се врати на биолошката мајак која по него трагала со години.

Откако го пронашла, тој не сакал ни да ја прегрне, а по една година избегал кај старото семејство, откако таа се задолжила за да му го плати школувањето. 

- Не жалаз за ништо бидејќи сега знам дека е жив и здрав, барем тоа знам...вели мајката.

 

14.01.2014 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа