ВИДЕО: Нејмар извисен- водителката одби да се ракува со него

Бразилскиот фудбалер Нејмар се појави на доделувањето на наградите „Златна топка“, каде му се случи нешто што сигурно не би ни помислил дека би можело да му се случи токму нему. Во еден момент тој беше повикан на сцената, по што тој сакајќи да се поздрави со водителката Фернанда Лима, и подаде рака.

Никој не очекуваше дека згодната водителка ќе одбие да се поздрави со него.

Наместо да се ракува со фудбалерот, таа само го допре по рамото, а зошто го направи тоа, не знае никој.

14.01.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега