Пијани возеле на скопските улици - осум сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни несреќи. Во три од сообраќајките е направена само материјална штета, а во четири од нив со телесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила, еден сопатник и еден пешак.

Од страна на сообраќајната полиција вчера откриени и санкционирани се деветмина пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци. Преземени се мерки и према четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, петмина возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и петмина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 22 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на автобуските стојалишта, на обележан пешачки премин и во зона на крстосница.

Пајакот отстранил 83 возила.

14.01.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа