Утре магла и облаци - какво време не очекува наредните денови?

 

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно. Долж Повардарието и по котлините ќе има магла која во попладневните часови ќе слабее. Ќе дува и слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до пет, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Изутрина и преку денот ќе има магла која повремено ќе слабее околу пладневните часови. Утринската температура ќе се сушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до четири степени.

И во следните денови ќе се задржи период на релативно топло време. Струењето на воздухот нема да биде многу изразено. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец, а ќе има и појава на слаби врнежи од дожд во среда, а нови врнежи од дожд се очекуваат од недела попладне. 

13.01.2014 - 16:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега