Јанакиески: Откупот на становите важи само за лицата со ниски примања

 

Одлуката за откуп на станови во сопственост на државата се однесува на лицата со ниски примања. Со неа не се опфатени становите наменети за социјално ранливите категории или децата без родители.

Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

- Програмата по која овозможивме продажба на становите се однесува за лицата со ниски примања. Оваа програма на пример не се однесува на становите во скопската населба Ѓорче Петров бидејќи тие се по програма исклучиво за лица кои се приматели на социјална парична помош или деца без родители, појасни денеска министерот Јанакиески.

Директорот на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов информираше дека киријата за овие станови досега изнесувала околу 15 денари по метар квадратен без вклучен ДДВ во зависност од градот и општината.

Министерството за транспорт и врски вчера објави дека лицата кои живеат во станови доделени од државата врз основ на ниски приходи ќе можат да ги откупат под поволни услови. Оние кои нема да ги откупат, ќе плаќаат закупнина и тоа пониска или социјална доколу спаѓаат во ранливи категории граѓани, и комерцијална доколку не се во овие категории. Средствата од продажбата ќе се користат за изградба на нови станбени единици со кои државата ќе го реши прашањето за домување на други категории граѓани.

13.01.2014 - 15:34
Фото: 
MIA

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега