Игра на судбината: Откако направиле свадба откриле дека се брат и сестра

Млад брачен пар од Кина доживеа шок откако неодамна партнерите дознаа дека имаат заеднички татко. Шокантната вистина им ја соопштил токму тој.

Веи и Чинг пораснале во иста улица и се познавале уште од детството. Таткото пред повеќе од 20 години имал љубовна афера со мајката на девојката. Поради тоа што нејзината мајка умрела кога таа била дете, само нивниот татко ја знаел вистината.
 
Тие се венчале минатата година. Кога одлучиле да имаат деца, нивниот татко не можел повеќе да ја крие вистината и им признал.
 
Веи и Чинг откако дознале за ова веднаш направиле ДНК-тест на кој се покажало дека тие двајца се брат и сестра.
13.01.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега