ВИДЕО: Џон Кери му подари на Лавров два компира

Американскиот државен секретар Џон Кери на денешната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, му подари два големи компира.

Кери и Лавров денеска ги почнаа разговорите во резиденцијата на американскиот амбасадор во Париз каде што на протколарниот дел од настанот  беа присутни и новинарите.

Ненадејно медиумите беа поканети на средбата уште еднаш, при што го снимија почетокот на разговорот.

‘Со министерот Лавров разговаравме пред неколку недели и планиравме да го разгледаме прашањето за Сирија, изјави Кери и кажа дека за време на телефонскиот разговор со Лавров се шегувале во врска со компирот, одгледан во американската сојузна држава Ајдахо.

Денеска донесов од тој компир, додаде Кери и од една бела картонска кутија извади два такви компира и му ги подари на рускиот министер, со што предизвика смеа кај двете делегации.

Преговорите продолжија зад затворени врати. Подоцна на Кери и на Лавров треба да им се приклучи и пратеникот на Обединетите нации и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими.

13.01.2014 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега