Израелците тагуваат: Погребан е Ариел Шарон

Денеска беше погребан поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, кој беше погребан на имотот на неговото семејство.

На погребот присуствуваа претставници на државниот врв од околу 20 држави.

На комеморацијата во израелскиот парламент, американскиот потпретседател Џо Бајден истакна дека Шарон беше човек кој беше посветен на безбедноста и опстанокот на израелската држава додека пак израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го оцени Шарон како прагматичен и еден од најголемите воени и политички лидери на Израел.

13.01.2014 - 14:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа